(Видео) Шаќири: Мицкоски сака да гласа за уставните промени од позиција на власт

Изет Меџити го „раситни“ парламентарното мнозинство, а во Собранието се уште главна тема се уставните измени. Во вечерашното издание на актуелните политички теми разговараме со Ерол Шаќири – новинар, уредник и колумнист.

На прашање дали „власта има селективен пристап во однос на корупцијата и криминалот“ и дали Али Ахмети сака да покаже моќ со апсењето на Исмет Гури, Шаќири потврдува дека Ахмети сака да покаже моќ, но избегнува да ја коментира оваа тема во детали.

Предметот на Исмет Гури за изборни нерегуларност во Чаир, не е од сега, тоа е одамна. Станува збор за процес кој трае со години, а сега е апсењето, започнува Шаќири.

Шаќири смета дека во албанскиот блок следува прегрупирање „сите против Али Ахмети“.

Најверојатно ќе има такво прегрупирање и самиот Изет Меџити го потврди неговиот контакт со БЕСА и Алтернатива. Во меѓувреме и во Алтернатива има внатрепартиски незадоволства. Мислам да, на наредните избори Изет Меџити ќе биде во предизборна коалиција со БЕСА и Алтернатива. Во таков момент ДУИ и Алијанса може да застанат заедно, бидејќи Алијанса не гледам зошто би одела сама, вели Шаќири.

Новинарот смета дека доколку нема уставни измени тогаш нема зошто да имаме парламентарни избори до 2024-та година. Според Ерол Шаќири се кренала преголема фама за Бугарите во Македонија.

Шаќири смета дека Мицкоски сака да гласа за Уставните измени од позиција на власт. Според него националните интереси се бранат со влез во ЕУ.

Целото интервју на новинарот Горазд Чомовски со Ерол Шаќири може да го погледнете во продолжение.