(Видео) Трилинг: Дали на сцена е политичко-криминална клептоктатија?!

Наскоро доаѓаат изборите, а како се ближи нивниот датум се повеќе се зголемуваат тензиите и претпоставките за идна влада.

Стигна ферманот од Европската Комисија. Наместо кон иднината, враќање кон минатото. Наместо разговори власт – опозиција за европерспективите, се отвораат старите патишта за нови криминали.

Дали Софија ја користиме како алиби за проблемите во судската власт и корупцијата? На ова прашање со нашиот гостин, Поповски одговара дека виновни се и двете работи. Освен Бугарија, проблем имаме и внатре во нашата држава.

Со нашите гости разговараме на тековните актуелни политички прашања.

Лепливи раце и нечиста совест. Дали етничката припадност го прикрива криминалот и корупцијата?

Вечерашното издание на „Трилинг“ одново ќе го задржи вашето внимание до самиот крај.

Со нашите гости: професорот и поранешен министер за финансии – Никола Поповски, академикот и универзитeтски професор – Ферид Мухиќ и новинарот Џелал Незири ќе дискутираме на актуелните теми.