(Видео) Стојковски: ВМРО-ДПМНЕ не покажа капацитет да го зголеми квантумот гласачи во опозиција

Извршниот директор на Преспа институтот, Андреја Стојковски беше вечерва наш гостин со кој ги правевме „изборните калкулации“ и евентуалните комбинаторики за правење влада. Заедно со него, го анализиравме гласачкиот електорат.

Граѓаните обично излегуваат да гласаат на парламентарни избори. Претпоставувам дека тоа е мотивот зошто се поврзуваат паламентарните и претседателските избори – да има поголем мотив за гласање. Ова се има случено и претходно, а изборниот календар беше моделиран на истиот начин, вели Стојковски.

Тој нагласува дека граѓаните најмногу сакаат да гласаат на парламентарни избори.

На прашањето „што би ги мотивирало граѓанте да гласаат“ Стојковски вели дека според нивните истражување

Она што ние го истражуваме, во главно односи со други држави, надворешна и безбедносна политика. За 70 отсто од граѓаните членството во ЕУ е единствена опција за државата. Она што исто така е интересно на ова прашање е „зошто е најдобро за државата“ најголем дел од нив велат за економскиот развој, нови работни места, владеење на правото, па на крајот за транспарентност и борба против корупцијата. Затоа граѓаните сметаат дека ЕУ е најдобра опција за државата, дециден е гостинот Стојковски.

Стојковски потврдува дека најчесто граѓаните гласаат за партија, а не за кандидат.

Формирањето на политички блокови може да ја олесни работата на гласачите. Иако политиката и математиката не се иста, еден и еден не секогаш е два, ако се знаат да се следат вистински порака, ако се ангажираат гласачите со добро објаснување, со добра комуникација може многу да се промена состојбата, вели аналитичарот.

За пораките каде и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се убедени во победа, тој вели дека според проценките на институтот

Ги гледавме сите изборни циклуси. ВМРО-ДПМНЕ точно е дека успеал да обезбедил поголем квантум на гласови во 2021 година, но не може да забележиме дека тоа може многу да порасне до 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, а тие во тој период не покажаа капацитет на политичката коалиција. Во таа смисла организирањето на европски фронт или европски сојуз може да промени многу, заклучува тој.