(ВИДЕО) Режисерката Митиќ: Живееме во апатија, се помалку има надеж

„'17' е филм е за насилството на тишината, колку таа може да биде насилна, колку насилството во адолесценцијата е прекриено со тишина и колку младите молчат за тоа што им се случува“, вели Митиќ.

„Кога првпат прочитав во весниците за настан каде што пишуваше дека девојка се пордила на границата на „Табановце“ за време на апсолвентска ексурзија и го оставила бебето во јавен тоалет, мене ми беше многу шокантно“, вели Косара Митиќ, режисерска на филмот „17“.

Таа тука пронаоѓа и колетивен неуспех.

„Како е можно толку луѓе, колку тишини, колку структури го направиле тоа возможно. Значи каде потфрла системот?“

Митиќ додава дека филмот „17“ не е за скриена тинејџерска бременост и додава:

„’17’ е филм е за насилстовото на тишината, колку таа може да биде насилна, колку насилството во адолесценцијата е прекриено со тишина и колку младите молчат за тоа што им се случува“, вели Митиќ.

„Живееме во апатија, се помалку има надеж“, изјави Косара Митиќ, режисерска на филмот „17“.

Интервјуто погледнете го во видеото