(ВИДЕО) Во Трилинг со режисерот Манчевски, Дејан Дуковски и Косара Митиќ

Животот тече како на филмска лента. Што направивме во овие изминати 35 години, самостојна и независна држава?

Животот тече како на филмска лента. Што направивме во овие изминати 35 години, самостојна и независна држава?

„Светлото само ќе се изгаси. Ќе снема струја. Си одат вредни способни, млади луѓе, оние што треба најмногу да градат една заедница.

-Јас си отидов кога имав 19 години. Отидов да студирам и се вратив. Три години се обидував да режирам, да најдам работа, не успеав и си отидов за Њујорк“, вели режисерот Милчо Манчевски и додава:

„Додека живеев во Њујорк го спакував „Пред дождот“ како странска копродукција, инвестиција, го донесов во Македонија, го снимив во Македонија и оттогаш одам напред назад. Многу ми е јасна потребата да се отиде за да имаш еден фер однос на заедницата, на институциите, на другите луѓе кон тебе. Не си одат луѓе само за поголема плата.

-Јас мислам дека повеќе си одат за правда, си одат за тротоари по кои ќе можат да одат. Си одат за чист воздух“, вели Манчевски.

Режисерот смета дека во овие 35 години независност не го надградивме тоа што го имавме.

„Еден тротоар. еден чист воздух се и симбол и буквален показател на тоа колку е цивилизирана една заедница“, вели Манчевски.

„’Црно злато’ е драма за потрага на идентитет. Ное драма која прави пресек на многу ситуации, особено во ова конкретно општество“, вели драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски.

„’Парите се отепувачка’ е мотив од којшто тргна овој текст.

–Живееме во трагикомично време со трауматски последици. ‘Црно злато’ е фактички претстава за еден травестит на Балкан. Ние некако цело време го решаваме минатото, а никако да се чукнеме во глава и да речеме дај да видиме за иднината“, вели драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски.

„Кога првпат прочитав во весниците за настан каде што пишуваше дека девојка се пордила на границата на „Табановце“ за време на апсолвентска ексурзија и го оставила бебето во јавен тоалет, мене ми беше многу шокантно“, вели Косара Митиќ, режисерска на филмот „17“.

Таа тука пронаоѓа и колетивен неуспех.

„Како е можно толку луѓе, колку тишини, колку структури го направиле тоа возможно. Значи каде потфрла системот?“

Митиќ додава дека филмот „17“ не е за скриена тинејџерска бременост и додава:

„’17’ е филм е за насилстовото на тишината, колку таа може да биде насилна, колку насилството во адолесценцијата е прекриено со тишина и колку младите молчат за тоа што им се случува“, вели Митиќ.

„Живееме во апатија, се помалку има надеж“, изјави Косара Митиќ, режисерска на филмот „17“.

Целото издание „Трилинг“ погледнете го во видеото