(Видео) Најава за Трилинг: Скапи автомобили и евтин популизам – каква година нѐ очекува на економски план?

На страна од секојдневните политички теми, утревечер нѐ очекува издание во кое освен актуелностите ќе дискутираме за маркетингот, автомобилизмот, продажбата, како и тековните економските теми кои нѐ засегаат.

Во предновогодишното издание на Трилинг гостуваат Аријана Коскарова – основач и раководител на Академија за маркетинг и пр – Creative Hub, Златко Муцунски – генерален директор на Порше Македонија и Борче Тренoвски – универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје на УКИМ.

Скапи автомобили и евтин популизам – каква година нѐ очекува на економски план? Погледнете ја најавата во продолжение.