Дојава за бомби во два трговски центри во Скопје

„Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи“, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи добило дојава за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во центарот на Скопје.

Посетителите и вработените биле евакуирани, а полицијата спроведува проверки на терен.

„Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи“, информира МВР.

Од МВР додаваат дека полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.