(Видео) Митровска – Касти: Гинисов рекорд за најдолга бизнис презентација, женски успех во „машка“ професија

Македонија сѐ уште го држи Гинисовиот рекорд за најдолга бизнис презентација, а токму на оваа тема новинарката Кристина Атовска на вечерашното издание на Трилинг разговара со две успешни дами. Станува збор за разговор со Сања Митровска – основач и извршен директор на „Networker“, позната како жената која го сруши гинисовиот рекорд во Македонија и Лиора Касти, инвеститорка од Израел.

Митровска објаснува за гинисовиот рекорд, а дека целта при оваа иницијатива е очите на светот да се свртат дека има интелектуалци во Македонија.

Најмногу жени од tech индустријата се од Македонија и оттаму беше иницијативата да докажеме дека имаме капацитети. Целта беше да ги мотивираме бизнис ангелите да инвестираат, вели Митровска.

Таа објаснува дека се работи за 30 часа непрекинат бизнис настан.

Каспи во Македонија е дојдена да менторира и инвестира. Импресионирана од подвигот на Митровска, таа станува нејзина менторка. Каспи вели дека направила платформа која ќе нуди експертска помош од Израел за развивање на бизнисот, но и преку која израелските компании ќе ги запознаваат бизнис идеите кои постојат во нашата држава. Во нејзин фокус се жените претрпиемачи.

Каспи вели дека токму тоа што живееме во „машко општество“ овде на Балканот, ја инспирирало да дојде овде, да менторира жени претприемачи со потенцијал и да направи промена.

Двете се согласуваат дека парите не се проблем, бидејќи секаде во сметот се инвестира многу, но претприемачите мора да имаат исполнето други предуслови кога ги презентираат идите, како добра подготовка и добро воспоставен тим.

Во продолжение погледнете го интервјуто со овие две успешни дами: