(Видео) Вујошевиќ: „Светот на Биби“ ги промовира вистинските вредности, жал ми е за политичарите

Дали го познавате ликот кој стои позади гласот на Биби од популарното наше шоу? Низ вечерашната празнична емисија на Трилинг запознајте ја актерката Слаѓана Вујошевиќ – личноста која го толкува нејзиниот глас и со која дискутираме за сите актуелности поврзано со ова шоу, но и нејзината целокупна кариера.

Актерката Вујошевиќ вели дека да се анимираат најмладите потребна е голема одговорност.

За анимација на најмладата публика пред се треба да се прифати одговорноста. Потребен е тим од повеќе креативци. „Светот на Биби“ е проект којшто каде за крајната публика е резултатот од повеќе луѓе преку автори и актери. Преку гласот и телото има многу внимание и љубов, започнува актерката.

Во емисијата зборувавме за меѓународните ангажмани на актерката и работата на туѓ јазик.

Јазикот е уште една карактеристика на ликот кој се креира. Независно дали станува збор за друг дијалект или јазик кој не е мајчин, во мојот случај морав да доловам и акценти. Во едната серија бев од Молдавија, другата од Русија. Имав специфични ликови кои зборуваат на посебен дијалект, а мене и јазикот сам по себе ми е странски, вели актерката.

Вујошевиќ потврдува дека кај нас има турски серии, но во споредба со минатото сега има повеќе македонска продукција.

Убаво е да прикажуваме и странски серии кај нас. На тој начин се учи и како треба и како треба. Така се инспирираме да создадеме нешто наше. На тоа поле во последните години се случува подем на тоа поле, но дефинитивно дека тоа не е доволно, треба да расте, вели Слаѓана Вујошевиќ.

Таа зборуваше и за нејзиниот ангажман со „Светот на Биби“.

Чест и задоволство ми е што сум дел од „Светот на Биби“. Тоа ги промовира вистинските вредности. Преку друштвени игри се сплотуваат сите членови на семејството да бидат дома заедно. Преку содржини, сказни се буди одново љубовта кон уметноста, пишувањето и читањето, вели актерката.

Даде свој коментара и за политичарите по новинарско прашање.

Не ме нервираат политичарите, жал ми е за нив. Не знам дали сакам да генерализирам. Политичар во права смисла на зборот би требало да ја разбере својата функција. Неговата позиција е во функција на граѓаните и тоа подразбира прифаќање целосно на одоговорноста и тоа подразбира слушање на граѓаните.

Во продолжение погледнете го целото интервју: