Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека САД и Иран постигнале голем напредок во разговорите и дека ниту една страна не сака продолжување на воената кампања.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека САД и Иран постигнале голем напредок во разговорите и дека ниту една страна не сака продолжување на воената кампања.

„Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа.

Венс рече дека штотуку разговарал со претседателот Доналд Трамп, кој повторил дека клучното прашање за САД е Иран никогаш да не смее да има нуклеарно оружје.

Доколку тоа се случи, земјите околу Персискиот Залив ќе сакаат свое оружје, а потоа и другите земји низ светот ќе го сакаат, рече Венс.

„Сакаме бројот на земји што имаат нуклеарно оружје да биде мал и затоа Иран не може да има нуклеарно оружје“, рече тој.

САД сакаат Иран да соработува со Вашингтон на процес што ќе осигури дека Иранците нема да го обноват својот капацитет за производство на нуклеарно оружје во годините што доаѓаат.

„Тоа е она што се обидуваме да го постигнеме во преговорите“, рече тој.

Трамп е под притисок да постигне договор што би го отворил Ормутскиот теснец – клучен пат за глобално снабдување со нафта и други стоки.

Тој изрази надеж дека е близу до постигнување договор за прекин на конфликтот, но исто така се закани дека ќе ги обнови воените напади врз Иран доколку не се постигне договор.

На прашањето дали Русија би можела да го земе збогатениот ураниум од Иран, Венс рече: „Тоа не е план на владата на Соединетите Американски Држави во моментов. Иранците не го притиснаа“ прашањето.