Вархеји: Сега е момент за одговорни одлуки, Западен Балкан треба да е дел од ЕУ!

„Сега е моментот за одговорни одлуки – Западен Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија“.

Ова утрово на Твитер го порача еврокомесарот за проширување и соседска политика – Оливер Вархеји, во пресрет на одржувањето на Самитот на ЕУ – Западен Балкан денеска во Брисел.

„Европската Унија многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“ – наведе Вархеји.

Тој меѓудругото, повика бугарскиот Парламент да го исполни својот ангажман и да го стави предлогот на С. Македонија и Албанија на агендата за одобрување, како што е предложено.

„Ги повикуваме бугарскиот Парламент и сите страни да го исполнат својот ангажман и да го стават предлогот на Северна Македонија и Албанија на агендата на Парламентот за одобрување денес како што е предложено. Опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов веќе покажа лидерство ставајќи го предлогот на маса. Треба сите да го направат истото. ЕУ треба да оди напред“ – напиша еврокомесарот.