Бугарите имаат најлош животен стандард од земјите во ЕУ

Бугарија има најлош животен стандард, 39 отсто под просекот за ЕУ-27 ниво во 2020, па следува Хрватска каде во 2020-та бил за една третина (32 отсто) понизок од просекот во Европската унија. Ова го покажува извештајот на Евростат.

Бугарија е и со најнизок БДП по човек од населението – 45 отсто под просечното ниво за ЕУ-27. Евростат го мери стандардот според вистинската индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку стоки и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците се на товар на државите или невладините организации, забележува Европскиот завод за статистика.

Во 2020 година, највисокиот стандард, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на Европската унија, според најновата проценка на Евростат.

Следуваат Германија и Данска, а блиску се и Холандија и Австрија.