Бојаџиски: Темни облаци се надвиснаа над македонското новинарство

Иван Бојаџиски новинар од Штип вели дека во изминатите 30 години имало период на силен квантитет во новинарството и никаков квалитет.

– Новинарството се поистоветува со телевизиите и тие имаат најголемо влијание врз јавното мислење и тоа е доволно поразително за нашата фела. Лошо функционира тријадата, сопственик на медиум, уредник на медиум и новинар – вели Бојаџиски.

На сопствениците на медиумите главна цел им е преку медиуми да остварат контакт со политичката елита и да ги градат своите бизниси и не им е важно што страда вистината.