Јашари: Спомнувањето на нуклеарно оружје ја покажува слабоста на Русија

Мухамед Јашари, докторанд на Правниот факултет вели дека руската агресија врз Украина од 104 и сегашната војна доаѓа како резултат на еден антагонистички преспективи на Русија кон Западот и смета дека тоа го сумира недоразбирањето меѓу двете земји.

– Сите структури каде Русија по 2000-тата година сака да ги изгради, се тенденции минимално да ја зачува доминацијата во тој постсоветски простор – вели Јашари.

Смета дека нема реална опасност од употребата на атомско оружје и во изминатите години истражувачите велат дека оружјето за масовно уништување е знак дека тоа е единствената карта на која игра Русија за да се постави во светот како суперсила.

– Тоа не значи дека Русија е една суперсила, зошто им недостасуваат други сегменти на моќ, како Западот. Спомнувањето на нуклеарно оружје ја покажува слабоста на Русија – вели Јашари.