Ивановска: Најголемите ризици од корупција кои ги утврдивме се политичкото влијание и неказнивоста

Билјана Ивановска претседателката на ДКСК истакна дека системот за избор на прв човек на ОЈО ГОКК  не е целосен и не обезбедува сигурност дека избраниот кандидат ќе биде како што треба.

– Се сомневам во начинот на изборот и тој не е целосен и не дава јасна слика за каков кандидат се работи и ме чуди како обвинителите гласале. Тој не поnудил план за работа, не ги земаат в предвид оценките, минат труд – вели Ивановска.

Таа потенцираше дека во отсуство на систем се сомневаме и влијанието најтешко се докажува, а најмногу постои. Вели дека ниту едно детектирање сомневање за криминал кои таа ги посочила како Антикорупциска немале судска развршница.

– Незадоволството како институција е еднакво за сите. Најголемите ризици од корупција кои ги утврдивме за националната стратегија беа политичкото влијание и неказнивоста. Тоа ми дава сила и мотивација уште повеќе да работиме и да придонесеме преку известување на јавноста за се она што го даваме во обвинителството – вели Ивановска.

Таа рече дека Рускоска презела поголеми предмети од нив, а таа реагирала за оние кои се однесуваа на најавениот интерес како што беше случајот за „Холидеј ин“ и тој предмет премногу се одолговлече. Тој предмет е од главен интерес за градот.