Борис Џонсон во ненадејна посета на Киев

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев и се сретна со украинскиот претседател – Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина од 24. февруари.

„Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на илјадници војници“ – соопштија од кабинетот на Џонсон.

Британскиот премиер денеска требаше да учествува на голем самит во Донкастер, но во последен момент откажа и замина во Киев. Џонсон во април беше првиот лидер на земја-членка на Г7 кој го посетил Киев.