Блинкен: Помине ли руската агресија неказнето – се отвора Пандорината кутија

Ентони Блинкен – американскиот државен секретар изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

„Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да помине неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија и тоа постојано ќе се повторуваме во сите делови на светот“ рече Блинкен по средбата со Фон дер Лајен.

Блинкен ја пофали ЕУ за нејзината брза акција за воведувањето на најстроги санкции против Русија. Фон дер Лајен посочи дека ЕУ е подготвена да воведе нови поригорозни санкции доколку рускиот претседател Владимир Путин не ја прекине војната што ја започна.