Аргентина ја победи Австралија во синоќешниот осминафинален натпревар

Средбата на стадионот „Ахмед бин Али“ заврши со резултат 2:1.

Головите за Аргентина ги постигнаа Лионел Меси (35. минута) и Хулијан Алварез (57. минута). Стрелец на единствениот гол за Австралија на овој натпревар беше играчот од средниот ред Крег Гудвин во 77. минута. Топката влета во голот откако се одби од Аргентинецот Енцо Фернандез.

Меси го одигра и 1.000-от меч во кариерата. Во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Аргентина ќе се сретне со Холандија, која претходно во текот на денот ги победи САД (3:1).

Натпреварот ќе се одигра на 9 декември во 20 часот. Селекторот на Австралија Греaм Арнолд по елиминацијата од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство не ги кажа своите очекувања за евентуално продолжување на работата во репрезентацијата.

„Не размислував за мојата иднина. Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор. Работевме напорно, сега можеме да одмориме“, изјави Арнолд.