Албин Курти: Претходните влади Косово го срамнија со земја

Албин Курти – премиерот на Косово ги обвини претходните влади за тешката состојба во која сега се наоѓа земјата, вклучително и актуелната криза со снабдување со електрична енергија.

Тој во своето обраќање на Генералното собрание на ВВ рече дека кога ја презеде власта, во февруари минатата година, затекнал „држава срамнета со земјата која крвареше на сите страни и беше целосно неподготвена за предизвиците на 21-от век“.

„Победата од 14 февруари, повеќе одошто потребна, беше неопходна за да се спаси државата. Она што го затекнавме беше на многу места полошо одошто мислевме. Една држава срамнета со земјата која крвареше на сите страни и беше целосно неподготвена за предизвиците на 21-от век“ –  истакна Курти.

Тој вели дека ја разбира фрустрацијата на граѓаните и дека и самиот е фрустриран поради недостатокот на електрична енергија, но порача дека „тоа треба да служи како потсетување на состојбата во која ја оставија државата претходните влади“.