
Автобус со ученици заглави на траект за Корчула
Автобус со полски средношколци заглави на рампата за качување на траект на линијата Оребиќ–Корчула, поради што сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“.
Автобус со полски средношколци заглави на рампата за качување на траект на линијата Оребиќ–Корчула, поради што сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“.
Траектот „Илок“ требало да исплови во 14 часот, но автобусот не можел ниту да се качи, ниту да се симне од траектот. Сообраќајот повторно бил воспоставен околу 15:15 часот.
Според сведоштвото, капетанот на траектот се обидел со маневрирање да го ослободи автобусот, но без успех.
На снимките се гледа како патници однадвор го туркаат и го нишаат двокатниот автобус, обидувајќи се да го поместат, а вработените во „Јадролинија“ се обиделе проблемот да го решат и со помош на синџири наменети за зимски услови, но ниту тоа не помогнало.
Автобусот конечно бил ослободен откако од него бил изнесен целиот багаж.