
Во интервју за ,,Скај Њуз”, во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон рече дека Обединетото Кралство треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина.
„Украина сака Ф-16. Ние ги немаме, но имаме тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а безбедноста на Обединетото Кралство би можела да биде загрозена“, рече Џонсон.
Поранешниот британски премиер ја коментираше и ситуацијата со Кина и изјави дека Пекинг ќе направи „историска грешка“ доколку ја снабди Москва со оружје.
Тој додаде дека е многу загрижен поради вчерашната средба меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и Владимир Путин.
Во интервјуто Џонсон го нарече Путин гангстер и рече дека подоцна може да им се заканува на другите земји.
„Влогот е многу голем. Тој може да им се закани на сите делови од поранешната советска империја што сака да ги заплаши. Ова е апсолутно критичен момент за целиот свет“, рече тој,пренесе Индекс.хр.