Ќе има забрана за увоз на руска нафта во Македонија

Увоз на руска нафта во Македонија нема да има. Бектеши, министерот за економија истакна дека санкцијата кон Русија која ја објави ЕУ ќе ја спроведе и Македонија. Тој истакна дека само се чека неговиот колега од МНР Османи да го стори тоа според протоколот. Сепак, Бектеши уверува дека нема да има недостаток на дизел во Македонија.

„Како влада политиката е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија, генерално Европската унија тие се нашите стратешки партнери и така најверојатно и ќе продолжиме“, рече Бектеши.

Цената на дизел горивото нема да се зголеми и покрај ова, истакна Бислимовски претседателот на регулаторна комисија за енергетика.

„Не очекувам дека ќе има сериозни импликации во однос на цената на дизелот во следниот период, но тоа треба и да го почекаме. Она што го знаеме од вчерашниот ден кога е прв ден на примена на оваа мерка, вчера на нашата или на медитеранската берза од каде ние црпиме податоци имаше намалување на цената на дизелот“, изјави Бислимовски за Алсат.