
Јовица Стојановиќ е назначен за нов директор на Управата за извршување санкции, од каде е разрешен Марјан Спасовски.
Стојановиќ е именуван за ВД директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница беше разрешен директорот на Управата.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.