Ѓоргиев: Историјата мора да остане настрана од политиката!

„Историјата мора да остане настрана од политиката. Ако зборуваме за иднината и го вклучуваме и минатото, тогаш тука многу тешко ќе има некакво решение“.

Ова денеска го изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев на прашање дали е дозволиво условите на Бугарија да бидат дел од преговарачката рамка за влез во ЕУ.

„Ние неколку пати сме изјавувале дека историјата мора да остане настрана од политиката. Тоа мора да се почитува. Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес на разговори меѓу двете држави“ – рече Ѓоргиев.

На прашање дали ги прифаќа бугарските гледишта, Ѓоргиев рече дека резултатот од Комисијата покажува оти има големи разлики и дека нема апсолутна согласност на двете страни за одредени историски прашања.