Ѓоковиќ фуриозно до четвртфинале на Австралија Опен!

Новак Ѓоковиќ лесно го победи домашниот тенисер Алекс Де Минор со 3:0 за пласман помеѓу најдобрите осум на Австралија Опен.

За првпат од почетокот на Австралија Опен, Ѓоковиќ немаше проблеми со повреда во нитуи еден момент.

Доминираше Ѓоковиќ од почетокот до крајот и запиша победа во која изгуби само пет гема (6:2, 6:1 и 6:2).

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Русинот Рубљов кој денес во меч со пет сета го победи Данецот Руне.

По мечот и самиот Ѓоковиќ потврди дека денес не почувствувал проблеми со повредата.