
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека испораката на оружје од Западот во Украина го вовлекува НАТО во конфликт и може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“.
Руската новинска агенција „ТАСС“ објави дека Шојгу, за време на конференцискиот повик, ги обвинил САД и нивните сојузници дека се обидуваат да го продолжат конфликтот што е можно повеќе со снабдувањето на Киев со „тешко офанзивно оружје“.
„Таквите потези всушност ги вклучуваат земјите на НАТО во конфликтот и на крајот може да доведат до непредвидлива ескалација“, рече Шојгу.