
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо неодамна потпиша астрономски договор со Ал Наср, но сепак не му донесе доминација на својот нов клуб на теренот.
Ал Наср на Роналдо загуби од Ал Итихад во натпреварот од Суперкупот со резултат 3:1, по што славниот Португалец беше изложен на најмногу критики на социјалните мрежи.
Руди Гарсија, тренерот на Роналдо, по натпреварот ја издвои својата пропуштена шанса во првото полувреме на конференцијата, а сега на Тик Ток се појави интересно видео кое го обиколи светот.
Наводно на него е еден од лидерите на Ал Наср. Извесен Саудиец се спротивставил и го плукнал Роналдо и ја исмевал неговата прослава. Јасно е дека тој воопшто не е задоволен од своите партии!
– На Роналдо му ставив 200 милиони евра, а тој знае само да каже „сиууу“ – збесна човекот од видеото! Ако навистина е еден од лидерите, нема сомнеж дека им снемува трпението за ѕвездата на тимот.
What happened yesterday after the Al-Nassr Match 😂 pic.twitter.com/Ote1OisbL5
— Mrfavour (@Mrfavour53) January 27, 2023