Човек од Македонија ја убил Гркинката на Крит

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на градот Ханија на грчкиот остров Крит. Сатврула Левендаки исчезна на 30 мај годинава, a нејзиното тело беше пронајдено утрово.

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на градот Ханија на грчкиот остров Крит. Сатврула Левендаки исчезна на 30 мај годинава, a нејзиното тело беше пронајдено утрово.

За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја видел пред да ѝ се изгуби секаква трага пред три седмици.

Станува збор за 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит и нема криминално досие.

Телото е пронајдено на околу 5 километри од во нива, во чиј близина биле пронајдени и садниците со канабис што првично ја наведоа полицијата да го уапси осомничениот.

Според информациите, човекот од Македонија тврди дека тој и 45-годишната жена се расправале за прашања поврзани со станот што резултирало – како што вели – со тензија, што довело до тоа да ја убие, а потоа да го закопа нејзиното тело.

Според она што наводно го кажал на полицијата, тој ја нападнал жената со нож. Потоа го ставил нејзиното тело во торба и го пренел со комбе на нивата каде што ја закопал.

Се забележува дека признатиот сторител во претходните денови негирал каква било вмешаност во случајот за време на испрашувањата што биле спроведени по неговото апсење за случај поврзан со дрога.

Според првичните информации, полицијата го лоцирала во автомобил и го уапсила за дрога. Поточно, неговото апсење е извршено во контекст на постапката за потерница, бидејќи за време на истрагата, кај него биле пронајдени садници од канабис.