
Откако медиумите објавија дека имаше пожар на Дрисла, се огласија од ЦУК.
„Утрово се појавил мал пожар на скопската депонија Дрисла кој набргу по избувнувањето бил изгаснат од страна на скопската Противпожарна бригада“, велат од ЦУК.
Како што претходно објавивме, густ и црн чад ги вознемири граѓаните утрово.
Според Сених Брaховиќ од здружението „Младината на Батинци“ кој објавија видео на социјалните мрежи, се гледа чад кај депонијата Дрисла, а граѓаните стравуваат дека се работи за горење на медицински отпад кој може да е канцероген.