Христијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство и привремено сместување во Бугарија

Во најбрз можен рок, Христијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство, соопшти денеска министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед, Николај Милков.

Министерството за надворешни работи ќе му обезбеди привремено сместување додека престојува во Бугарија. Тој е загрижен за својот живот доколку се врати во Македонија, па затоа се размислува и за назначување на обезбедувачи.

И покрај напорите за затоплување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, досега нема успех, коментираше и министерот.

Во однос на почитта на Гоце Делчев беа преземени одредени заложби кои не беа испочитувани од РСМ. Треба да се одржат консултации на кои ќе бидат ставени спорните прашања меѓу двете страни.

„Обидите за надградба, обидите за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје. Ова, се разбира, означува нова, уште пониска точка во нашите односи“, истакна министерот.