Хрватска: Експлозија во дом за стари лица, двајца загинати

Денеска рано попладне на улицата Загребачка во Дуги Село дошло до експлозија во која загинаа две лица. Загинаа маж и жена. Едно лице е тешко повредено. Експлозивна направа експлодирала, јавуваат хрватските медиуми.

„Денеска, 27 август, околу 13 часот и 30 минути во Дуги Село на улица „Загребачка“ дошло до експлозија во зграда која обезбедува згрижувачки услуги за стари лица, во која две лица загинаа, а едно е тешко повредено. Ќе следи истрага “, напишаа од полицијата.

Шефот на ПП Дуго Село, Даворка Маркота, во изјава за медиумите рече дека не може да зборува за експлозивната направа или причината додека не заврши истрагата.

„Секој напад однадвор или терористички акт или нешто слично е исклучен. Настанот се случил внатре во семејната куќа, а за причината ќе разговараме откако ќе заврши истрагата“, изјави Маркота.