Хигиеничар на Интер Мајами заработи отказ – му побарал автограм на Меси

Кристијан Саламанка кој работел како хигиеничар на стадионот на Интер Мајами, добил отказ поради тоа што му побарал автограм на Лео Меси.

Тој го потврди случајот и вели дека вредела секоја секунда од тоа што го направил.

„Требаше да ги чистам тоалетите во секторот каде што се паркираат автобусите. За среќа, бев таму кога пристигна автобусот и сите фудбалери излегоа. Последен беше Меси. Му викнав: „Еј светски шампионе“. Тој се сврте и ме погледна. Јас ја соблеков мојата работна маица и под неа имав дрес од Аргентина и му дадов маркер да ми се потпише. Тој ми даде автограм. Потоа дојде обезбедувањето и добив отказ, но вредеше секоја секунда“, открива Саламанка.