
Новата учебна година започна онака како што заврши старата. Дел од учениците се без учебници па наставниците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Освен ова, продолжува и праксата во учебниците или прирачниците од кои ќе се учи да има погрешни податоци. особено по историја и географија, објави МКД.мк.
За ова денеска укажаа и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на Бирото за развој на образованието“, рече на прес конференција, Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, единствено точно за овие три реки е дека само реката Нил се наоѓа во африка додека реките Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Азија.