
Фити: Очекувањата се дека стапките на инфлација ќе почнат да се намалуваат секаде во светот
„Проекциите на ММФ и Светска банка се лоши, но веќе 15 години светската економија минува низ лош период. Енергетската криза е многу сериозна, проработе инфлацијата и ги придвижи кон стакфлација. ММФ се претпазливи. Очекувањата се дека стапките на инфлација ќе почнат да се намалуваат секаде во светот, во втората половина на годинава. Но не знаеме дали ќе престане војната во Украина. Јас сум оптимист во врска со цените на енергијата, мислам дека тоа ќе се реши“ вели академик Таки Фити во најновото издание на Трилинг.
Академик Фити смета и дека „Македонија потешко се справи со кризите, со години не е инвестирано во поголем енергетски објект, а сега има нов проблем, во координацијата меѓу фискалната и монетарната политика. НБ предвидува дека ќе завршиме годинава наместо со 2,9 со 2,6%. Фокусот треба да е во јавните инвестиции, фотоволтаици, енергетика, но и подобрувањето на човечкиот капитал. Во продуктивни инвестиции кои ќе доаѓаат од јавниот сектор“.
За проблемот со корупцијата и криминалот Фити вели: „Кај нас се владеење на право, судски систем, ефикасноста на институциите е мала. Знаеме колку е тоа негативно за економијата, треба преку судовите да се носат брзи пресуди. Кога коруцијата доаѓа од највисоко ниво, затворските казни треба да се уште построги. Декларативно сите тоа го зборуваат, но никој ништо не презема“.
„Во Македонија од 2021 се работи на научна стратегија за наредните 20 години, за целокупен европски развој. Сите засегнати треба да се консултираат, ама ќе треба и да се постигне еден сеопшт консензус, меѓуетнички, меѓупартиски. Секоја Влада да продолжи да го реализира тој документ“ вели Фити.