Невидено злосторство се случило во грчкиот град Андравида, на северозападот на Пелопонез.
Според извештаите на грчките медиуми, 60-годишен маж признал дека убил брачна двојка и нивните две мали деца затоа што доцнеле со плаќањето кирија.
Мајката имала 37, а таткото 32 години, додека децата биле на возраст од 3 и 2 години. Сите биле пронајдени мртви во средата во нивниот дом.
Родителите биле убиени со огнено оружје, а децата задавени, јави државната телевизија „ЕРТ“.
Убиецот е уапсен синоќа доцна навечер во пристанишниот град Патра, на околу 50 километри североисточно од Андравида.
Информациите за убиецот се дека имал екстремистички ставови и дека објавувал расистички пораки на социјалните мрежи.