Уапсени 3.500 луѓе во Русија – протестирале против војната во Украина
Над 5.000 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, во Санкт Петербург и други региони на Русија, а од нив 3.500 бееа приведени. Ова денеска за агецијата „ТАСС“ го соопштила официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи – Ирина Волк.
„Во Москва демонстрираа 2.500 луѓе, приведени се 1.700. Во Санкт Петербург бројот на учесници беше приближно 1.500, од кои 750 беа приведени. Во другите региони, вкупно 1.200 луѓе учествуваа на протестите за кои немаше дозвола, а 1.061 беа приведени“ рече таа.