Тркалезна маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“
Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, ќе се реализира денеска.

– Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“ ќе се одржи на Факултетот за образовни науки при УГД, со почеток во 09:30 часот. Проектот Akuo EduLab им овозможи на студенти по образовни науки, наставници од основните училишта и ученици заеднички да работат на теми поврзани со одржливоста, обновливите извори на енергија, биодиверзитетот и климатските предизвици. Проектот има за цел да придонесе кон развој на зелени компетенции кај идните наставници и образовниот кадар, како и кон приближување на овие теми до најмладите генерации преку практично и интерактивно учење – пишува во соопштението.
Во рамки на настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани резултатите од проектот, искуствата на учесниците и можностите моделот на Akuo EduLab да се примени и во други образовни средини.