Трамп повторно му се закани на Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран треба брзо да се придвижи кон договор, предупредувајќи дека „времето истекува“ додека мировните преговори за завршување на конфликтот стагнираат.

Тој порача дека, доколку нема напредок, последиците би можеле да бидат сериозни.
Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Иран мора да дејствува „брзо“ и дека „времето е клучно“, додавајќи дека ситуацијата може дополнително да се влоши.
Оваа порака доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон, Техеран и Израел.
Според најавите, Трамп требаше да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека претходно предупреди дека прекинот на огнот со Иран е „на работ на пропаст“.
Ситуацијата останува нестабилна и се очекуваат нови дипломатски обиди.