Тинејџерка на Лефкада силувана од двајца странци: Ја „намамиле“ на плажа, па физички ја вознемирувале

Малолетна тинејџерка од Грција била силувана од двајца странци во Лефкада, соопшти полицијата.

Полицијата распишала потерница по две млади момчиња на возраст од 18 и 21 година.

Ја намамиле на плажа, а потоа со физичко насилство ја принудиле на секс. Девојчето било прегледано од лекар кој потврдил дека се работи за силување.

За случајот бил информиран и Државниот обвинител.

Двете млади момчиња се уапсени.