Сулејмани од утре ќе ги повика синдикалците да бараат решение за културните работници и уметниците

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинува Колективниот договор за култура во целина, како и членот 78љ од Законот за културата, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците - соопшти Министерството за култура.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинува Колективниот договор за култура во целина, како и членот 78љ од Законот за културата, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците – соопшти Министерството за култура.

Министерот Сулејмани, како што наведуваат од Министерството за култура, смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.

– Во таа насока, Министерството за култура и туризам ќе продолжи со засилен интензитет да го води социјалниот дијалог со синдикатите, при што ќе бидат разгледани сите законски можности за утврдување на најсоодветниот модел и склучување нов Колективен договор за културата, во рокот определен со одлуката на Уставниот суд. Заложбата на Министерството за култура и туризам е преку отворен дијалог, партнерски однос и конструктивна соработка да се дојде до заедничко прифатливо решение што ќе обезбеди правна сигурност, заштита на правата и соодветно вреднување на трудот на сите културни работници и уметници – се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.

Уставниот суд во петокот утврди неуставност и донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор во целина. Одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027, до кога партнерите во социјалниот дијалог ќе треба да подготват нов и законски издржан Колективен договор за вработените во културата.

Ставот на уставните судии е дека во Колективниот договор и во Законот за култура не постои методологија за пресметка на платите и дека таа мора да биде утврдена како основа во самиот закон за потоа да биде детализирана, односно продлабочена во колективен договор.

Во претстојниот период од пет месеци останува социјалните партнери да продолжат со дијалогот за склучување нов колективен договор, а Собранието да ги донесе соодветните измени и дополнувања на Законот за култура.