Столтенберг: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија!

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг денеска потврди дека Алијансата ѝ дава клучна поддршка на Украина за остварување на своето „право на самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН“.
Столтенберг во Мадрид изјави дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија од каква било закана и од која било насока.

Тој смета дека ескалацијата на конфликтот во Украина ќе го засени историскиот собир во Мадрид, додека украинските сили се борат да го задржат уништениот град Северодоњецк во областа Луганск, во фокусот на офанзивата со која Москва се обидува да ја преземе контролата врз регионот Донбас.

„На собирот во Мадрид ќе трасираме пат за следната деценија, ќе ја ресетираме нашата стратегија за одвраќање и одбрана во поопасна глобална средина“ – рече генералниот секретар на НАТО.