Хрватската полиција добила пријава дека едно лице е рането при пукање со огнено оружје во Колањски Гајец на островот Паг, во близина на популарната плажа Зрче.
На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во просториите на полицијата било приведено лице поврзано со наведениот настан. Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница.
На местото на инцидентот се извршил увид, а во тек е и кривична истрага за утврдување на сите факти и околности на настанот, информираат од Полициската управа Задар.
Како што дознава „Задарски.хр“ од луѓе на терен, настанот се случил пред ноќниот клуб Ноа во Катарелац, каде што дошло до судир на странски државјани.
Причината за конфликтот се уште не е позната, а во пресметката учествувале државјанин на Црна Гора и државјанин на Србија.
Притоа, Србинот пукал и го ранил Црногорец, кој потоа починал на пат кон болница.