
Не може лица кои се избрани од граѓаните да ги прекршуваат законите и затоа покренавме прекршочни пријави за организаторите на настаните во тетово и во Чаир, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на Канал 5 телевизија.
Во врска со лицето кое го вееше знамето на голема Албанија, тој дециден дека се води истрага за да се утврди идентитетот на лицето.
„Не смее некој да предизвика било какви провокации, не може да не враќаат во деведесетите. Тоа се само за добивање на евтини политички поени. Ако преку создавање на меѓуетнички тензии, се дестабилизира државата, тоа не може да се постигне“ вели Спасовски.
Оваа влада е насочена кон градење на општество еднакво за сите граѓани и затоа одговорноста треба да биде поголема, смета тој.