
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40 степени Целзиусови. Од утре до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.