Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Според прогнозата на УХМР, многу топло време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во среда, а во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

-Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.