Советот на Европа потврди: Во Македонија нема дискриминација на Бугарите

Комитетот на министри на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија. Со неа се утврдува дека нема основа за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.

По долгата расправа во која беа одбиени сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ја прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи.

Усвоената резолуција е подготвена од тим на експерти на Советот на Европа кој во изминатиот период престојуваше во Северна Македонија да ги евалуира тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата.

Во резолуцијата на земјава и се препорачува да преземе дополнителни чекори кон унапредување на едно итегрирано општество базирано на почитување и доверба меѓу различните заедници.