Скопските пожарникари на терен во Турција спасуваат животи

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.

Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.