Сензација на Австралија Опен, eлиминирана e главната фаворитка за трофејот

За Ига Швјонтек, првата фаворитка за трофејот, Австралија Опен заврши во четвртото коло.

Полската тенисерска беше поразена од 22-ro рангираната Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 4-6.

Во првиот сет имаше многу подеми и падови, бидејќи Ига го загуби својот сервис во првиот гем за да го врати три гема подоцна.

Сепак, Рибакина доби уште една брејк шанса во седмиот гем и на крајот успеа да го задржи за водство.

Во вториот сет Швионтек поведе со 3:0, а потоа целосно застана, а потоа следеа два брејка на Рибакина која стигна до триумфот.

Рибакина во четвртфиналето ќе игра против Остапенко која исто така победи иако не беше фаворитка. Таа со 2-0 во сетови беше подобра од Коко Гоф.

Место во четвртфиналето обезбеди и Американката, Пегула која со 2-0 беше подобра од Крејчикова.