
Претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците ќе биде поранешниот лидер на Алијанса, Зијадин Села.За организациски секретар беше избран Исен Шабани, а за генерален секретар Гренар Лога. Избрани се и тројца потпретседатели додека четвртиот ќе биде избран на со огранокот во Тетово. Тројцата потпретседатели се, Елми Азири, Илире Даутии Бујаре Абази.
-Досега тие се одлуките. Продолжуваме со состанокот со одредени правилници за функционирање на Централното собрание на ограноците и на подограноците на партијата.-рече Таравари.
Покрај изборот на ново раководство, Арбен Таравари најави и дека ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владата.
-За Владата ќе биде последната точка, каде што јас прво ќе реферирам за тоа какви средби сум имал, какви пораки сум добил од сите тие со коишто сум се сретнал и потоа ќе дебатираме и да видиме каква одлука ќе донесеме.- изјави Таравари.