СДСМ: Просечната плата за намали за 1.163 денари додека Мицкоски прави весела математика

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба, откако, според партијата, просечната нето-плата за еден месец се намалила за 1.163 денари.

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба, откако, според партијата, просечната нето-плата за еден месец се намалила за 1.163 денари.

Од СДСМ се повикуваат на податоци од Државниот завод за статистика и наведуваат дека просечната плата паднала за 2,3 проценти на месечно ниво.

„Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72%, а пензиите за 325%, просечната нето-плата се намали за 1.163 денари“, велат од партијата.

Според СДСМ, падот на платите доаѓа во услови на високи трошоци за живот, при што минималната плата изнесува 26.000 денари, а потрошувачката кошничка, како што наведуваат, достигнала околу 70.000 денари.

„За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници“, се наведува во соопштението.

Од партијата оценуваат дека високите цени секојдневно ги намалуваат семејните буџети и дека официјалните тврдења на власта за економски успех не се совпаѓаат со реалната состојба на граѓаните.

„Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство. Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери“, велат од СДСМ.

Во завршницата на реакцијата, партијата со ироничен тон додава: „Но ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски.“

Станува збор за политичко соопштение на СДСМ и нивна интерпретација на економските показатели.